Зошто

      Основањето на Локални економски и социјални совети во оваа земја е во својата рана фаза, процесот започна во 2010 паралелно со основањето на Националниот економски и социјален совет (НЕСС) кој служи како референца за останатите совети. Националниот совет не е во директен фокус на оваа акција бидејќи најчесто се занимава со прашања на работодавачите, бизнис заедниците и владата, додека граѓанските организации не се дел од него.  Спротивно на тоа, во ЕУ земјите овој советодавен инструмент ги обединеува граѓанските организации со останатите општествени структури како еднакви партнери кои се претставени и во Европскиот економски и социјален комитет како советодавно тело кое придонесува во јакнењето на демократскиот легитимитет и ефективност на Европската Унија. ЛЕССовите во развој во Република МАкедонија се поддржани од УСАИД со цел да се воспостави, поддржи и развие дијалог на локално ниво помеѓу локалните засегнати страни со фокус на локалната бизнис заедница, образовниот сектор, локалната самоуправа и младински граѓански организации со цел да се зголеми вработеноста на младите и нивната вклученост во регионалниот дијалог преку ЛЕССовите. Ова даде можност слична на она во ЕУ, да се прошири составот на советите и да се вклучат претставници од граѓанските организации, правејќи ги ЛЕССовите консултативни механизми на локално ниво кои овозможуваат заедничка работа на граѓанските организации, бизниз заедницата и локалната самоуправа за прашања кои ги тангираат овие структури. Идентификувани се следните предизвици во развојниот процес на ЛЕССовите и сите засегнати страни во нив:
 

  • Меѓусекторската соработка подразбира партнерство, доверба, почит и креативност. За жал во моментов тоа не се применува на локлано ниво. Освен декларативната поддршка, нашите истражувања потврдуваат дека секој сектор има позитивно мислење за другите, но ретко се одлучуваат за реална заедничка соработка.
     
  • Тешко е да се одржи и воспостави рамнотежа помеѓу секторите иако има широк дијапазон на улоги и одговорности кои треба да се имплементираат во функција на заедницата. Заедничкиот пристап како заеднички изјави, истражувања итн. се сеуште непознати за јавноста.
     
  • Нема јавни седници и сослушувања како заеднички механизми за собирање на информации важни во процесот на лобирање.
     
  • Недоволниот интензитет на меѓусектоската помош  најчесто е мотивирана од „други интереси“ , најчесто политички, па затоа сметаме дека со примената на транспарентно лобирање овие аномалии ќе се намалат до минимално ниво, иако никогаш нема целосно да исчезнат. 
     
  • Четирите сектори, а посебно општините, не употребуваат и не креираат можности за вмрежување и не се запознати со мрежите на ЕУ ниво како здруженијата кои оперираат во Брисел: Совет на Европски Општини и Региони,  Заедница на Европски Региони и други кои може да им дадат вовед во практикувањето на двонасочна комуникација и употребата на стручна помош за меѓусекторска соработка. Граѓанските организации, синдикатите, бизнис заедницата и општините имаат вложено труд да ги анализираат и утврдат своите слабости и многу документи покажуваат недостиг на вештини како лобирање.
     
  • Како што е наведено погоре учеството во ЛЕССовие е оставено на перцепцијата на иницијаторот најчесто меѓународен донатор, и само некои од ЛЕССовите вклучуваат претставници на граѓанските организации (најчесто младински). За соодветен пристап неопходно е понатамошно да се развие процесот и не само да се стреми кон вклучување на граѓанските организации, туку и да се прошират темите кои се дискутираат како рурален развој , животна околина, образование, грижа за стари лица, зачувување на природниот диверзитет, туризам итн. Тоа секако може да се постигне преку лобирање на локалните граѓански организации.
     

      Оваа акција има за цел да ги поврзи досегашните активности кои беа финански поддржани од УСАИД за воспставување на Мрежа за младинска вработеност  која ЛЕССовите беа еден компонент со приритет да се вклучат младински организации  за заедничка борба против нивната невработеност. Оваа акција сака да го поддржи понатамошниот развој на овој процес и да ги прошири активностите кои би вклучувале рурален развој и меѓусекторска соработка помеѓу граѓанските организации, синдикатите, бизнис заедницаата и општините, како и системска вклученост на граѓанските организации во сите ЛЕССови како додатна димензија која се одразува на ЕУ практиките. Партнерството за имплементација на акцијата ја отсликува намерата за меѓусекторска соработка помеѓу граѓанска организација, фондација и синдикат кој е активен најмногу во руралните области.  Понтаму, во 2014 се очекува започнувањето на имплементација на активност финансирана од ИПА фондовите  а од страна на меѓународната организација на трудот посветена на промоција на општествен дијалог и зајакнување на трипартитниот општествен дијалог на национално и локално ниво. Во оваа смисла, производите од овој проект како Анализата на моменталната состојба на учество и соработка помеѓу граѓанските организации, синдикатите, бизнис заедницата и општините во постоечките механизми за партиципативно носење одлуки на локално ниво , и Водичот за стратешко лобирање за граѓанските организации со влијание врз локалниот социоекономски развој, како и лекциите кои ќе бидат научени за време на обуките и работилниците ќе бидат значителен инпут за успешно имплементирање на двата проекти.

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.