Целни групи

Главните целни групи на овој проект се претставници на:

  • Членовите на ЛЕССовите: Граѓански организации (30 учесници) синдикати (20 учесници), работодавачи/бизнис заедница (20 учесници) . Главни детектирани недостатоци се: недостиг на знаење, методи и техники за транспарентно и стратешко лобирање за влијание врз имплементацијата на законската рамка и хармонизација со acquis, вклучувајќи и вештини за преговарање. Малку или непостоечка соработка помеѓу бизнис заедницата, синдикатите и граѓанските организации, нема заеднички изјави на регионалните, локалните или навионалните медиуми, нити јавно видливи иницијативи на локално или регионално ниво од ниту еден од овие сектори.
     
  • Граѓанските организации кои не се дел од ЛЕССовите, вклучувајќи ги оние од руралните средини кои гравитираат кон општини каде има основано ЛЕСС (50 лица). Незапознаеноста со консултативниот процес преку ЛЕССовите, резултирасо моменталниот состав на ЛЕССовите, каде само младински организации се вклучени во некои случаи,а останатите граѓански организации со фокус нс социоекономски прашања сеуште се незапознати и немаат вештини за влијание и обезбедување на нивно учество во лобирачки иницијативи за застапување на граѓанските интереси, вклучувајќи и хармоницазија со acquis на ЕУ.
     
  • Општинскиот персонал задолжен за ЛЕССовите (25-30 вработени). Главни идентификувани препреки се: мала видливост и јавност на работата на Советот, нема информации за времето на седниците  како на пример на општинските веб страни, а има само информации од други извори дека ЛЕСС е формиран во конкретната општина.
     
  • Крајна целна група се Општините, заинтересирани за нов иновативен пристап за решавање на локални проблеми и предизвици , преку консултативен процес  со општествените партнери и грашанските организации. РЕгионалните развојни кои се стремат да создадат услови за регионален развој, а посебно економија, туризам, животна средина и соработка со граѓанските организации во таа насока.  Државните oрганизации на работодавачи, бизнис заедница и синдикати кои се заинтересирани за застапување на интиресите на нивните членови на локално и национално ниво. Владини институции вклучени во процесот на градење општествен дијалог на локално и национално ниво, кои сакаатда го поддржат секој напредок во областа на општествен дијалог, вработување, регионална конкуренција која може да се набљудува преку прогрес извештаите на ЕУ. Граѓанското општество, граѓаните, медиумите заинтересирани за унапредување на владеењето на правото и демократскиот капацитет, посебно на локално ниво, и интерес да бидат вклучени во процесот на развој на ЛЕССовите. За да се соочи со востановените потреби и препреки, очекуваните резултати од проектот  ќе:  ги проценат слабостите во процесот на ЛЕССовите и нивните засегнати страни, ќе развие конкретно обучување кое ќе биде фокусирано врз недостигот на вештини за лобирање и застапување; ќе ја подигне свеста и ќе  предложи техники и методи за заедничко стратешко лобирање од страна на граѓанските организации и другите општествени сектори, како и организационо лобирање на локално ниво; ќе обезбеди поголемо знаење за ЛЕССовите од страна на општинската администрација со што ќе се подобрат условите за подобра координација во процесот како јавна комуникација, информирање, стимулирање на вмрежување и заедничко планирање на состаноците не ЛЕССовите итн.  Сите производи од проектот ќе бидат јавно достапни преку веб страната на проектот како и преку дистрибуција на печатени промотивни и образовни материјали за време на обуките, кои ќе бидат достапни на интернет и на државната конференција.
Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.