Резултати

Главни резултати од проектот кои ќе имаат влијание врз целните групи и проектните цели се следните:

  • Анализа на состојба – проценката на учеството и соработката помеѓу ГО на локално ниво и постоечките механизми за партиципативно носење одлуки ќе даде преглед на предностите и слабостите во процесот на ЛЕССовите  и локалните засегнати страни , дали се вклучени или сеуште не се запознати со овие иницијативи на локално ниво, а посебно ГО и групи од руралните средини кои ги претставуваат интересите на малите фармери и земјоделски работници, како и други ГО кои имаат за цел да влијаат врз социоеконосмкиот рурален развој.  Анализата на состојбата ќе го процени и нивото на соработка помеѓу различни засегнати страни во ГО, нивните вештини за артикулација на конкретни интереси во процесот на ЛЕССовите и ќе даде заклучоци и препораки за подобрување, како ефективно би се влијаело врз постоечката правна рамка и иницијативи за хармонизација со  acquis и за позитивно влијание врз одржлив локален социоекономски развој.
     
  • 5 регионални обуки за претставници од ГО, општествените партнери и општинската администрација вклучена во ЛЕССовите, со цел да се зајакнат нивните вештини за управување со процесот на управување со ЛЕССовите со влијание врз:
    • Зголемена свесност за улогите и одговорностите на секој партнер во локалниот социоекономски дијалог, со што ќе се воспостави и одржи рамнотежа помеѓу секторите а во корист на заедницата;
       
    • Основана мрежа и соработка како и зголемено знаење за градење на локални „коалиции“ со заеднички пристап, преку заеднички изјави, трудови итн. Со што ќе се предложи и ќе се застапуваат решенија во интерес на граѓаните, работниците и приватниот сектор, како и за просперитет на локалната заедница;
       
    • Зголемена мотивација за заедничка соработка помеѓу учесниците во ЛЕССовите.
       
  • Стекнати вештини за транспарентно лобирање, засегнатите учесници ќе употребуваат меѓусекторска помош за да се минимизира влијанието на други интереси, како на пример интерес на конкретни групи за употреба на ресурсите на заедницата за лична корист и максимизирање на граѓанскиот интерес.
     
  • Развој на веб платформа за лобирање.  Интегрален дел од обучувањето ќе биде обуката на ГО за употреба на платформата како би ги артикулирале своите обиди за застапување на локално ниво, преку онлајн вежби за подобро поврзување на поддржувачите на оваа мисија, оформување на електронски комуникациски стратегии , алатки за социјалните мрежи и онлајн тактики за застапување.
     
  • 4 работилници за развој на Заедничка Стратегија за лобирање и вклученост на руралните ГО во ЛЕССовите. Работилниците ќе бидат дизјанирани со цел да вклучат релевантни локални засегнати актери од ГО во општините со ЛЕССови, со посебен фокус врз актерите кои придонесуваат за развој на руралните средини со цел да ги поврзат со останати општествени партнери како проектниот апликант- земјоделскиотсиндикат (Агросиндикат)  како би лобирале за подобро претставништво во ЛЕССовите а со тоа ќе го поддржуваат учеството во ова консултативно тело на локално ниво и ќе влијаат врз локалните иницијативи за рурален развој. Посебен нагласок ќе има на иницијативи поврзани со хармонизацијата со acquis  како и усвојување на соодветна правна рамка со што би си зајакнало владеењето на правото.
     
  • Публикација на  "Водич за стратешко лобирање за ГО со влијание врз локалниот социоекономски развој“. Водичот ќе биде изработен врз основа на заклучоците и препораките индицирани во Анализата на моменталната состојба со ЛЕССовите со посебно нагласување на градење мрежи и соработка помеѓу ГО и општествените партнери како би се влијаело кон усвојување на Европскиот acquis и поконкретно, негова имплементација, како и градење стратегии за одржливост на ГО преку зајакнато лобирање на локално ниво.
     
  • Национална конференција за валоризација на проектните достигнувања. Општествениот и економски дијалог е придонес за процесот на демократизација на државата. Сепак и покрај неколку позитивни чекори за развој, сеуште има потреба од подобрување а посебно во зголемена вклученост на ГО на локално и национално ниво. Националната конференција на овој проект ќе служи за информирање на јавноста а посебно владините тела и Министерства, како Министерството за Труд и Социјална политика, за производите и резултатите од овој проект, анализата и препораките кои произлегуваат од неа, за да бидат земени во предвид при поставување на идни приоритети за развој на социоекономскиотдијалог.  
Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.