Цел

      Општата цел на овој проект е подобрување на вештините за застапување и знаењето за стратешко лобирање на граѓанските организации, бизнис заедницата на локално ниво, со цел да се постигне поголема меѓусекторска соработка во процесот на носење одлуки внатрешно помеѓу наведените актери како и со локалната самоуправа. Ова подобрување е важен инпу за ефективно влијание врз постоечката правна рамка и иницијативи за хармонизација со  acquis на ЕУ и позитивно влијание врз одржливиот локален социоекономски развој.  
 

За да се постигне оваа општа цел предвидени се следните активности:
 

  1. Проценка на моменталната состојба со учеството и соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис заедницата и синдикатите, во постоечките механизми за партиципативно носење одлуки на локално ниво: ЛЕССовите.
     
  2. Идентификување на слабостите на процесите и засегнатите страни во граѓанското општество.
     
  3. Градење вештини за застапување и лобирање т.е. подобрување на условите на граѓанските организации за влијание врз процесите на носење одлуки на локално ниво.
     
  4. Поттикнување на учество на граѓански организации од руралните области во воспоставените ЛЕССови.
     
  5. Поттикнување на одржливост на граѓанскиот сектор преку подобрена соработка и заедничко застапување и лобирање во процесот на локален социоекономски дијалог.
Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.