Влијание

Резултатите од проектот ќе го имаат следното влијание за општинте како и јавните институции на локално ниво како инспекторати, регионални развојни тела, државни организации на работодавачи, бизнис заедници и синдикати:

  • Свеснст за слабостите на моменталните ЛЕССови во соодветните општини и препораки за нивно подобрување.
     
  • Знаење за спроведување на транспарентност во ЛЕССовите за одговорните општински работници со цел да се максимизира користа од ЛЕССовите во соодветната општина.
     
  • Зајакната имплементација на законот на локално ниво, преку информирање помеѓу општествените партнери, ГО, бизнис претставници и локални власти, како на пример обрзувачките колективни договори во приватниот сектор, како и други регулативи согласно државните закони и европскиот acquis.

Граѓанското општество, граѓаните и медиумите ќе бидат посевесни, ќе имаат подетален увид и поголема вклученост во демократски мотивираниот процесс на локално ниво и ќе можат да употребуваат алатки за застапување како би промовирале иницијативи за социоекономско влијание врз заедницата преку ЛЕССовите. Претставниците на ГО од руралните средини ќе имаат можност да градат поблиски врски со синдикатите и претставниците на ЛЕССовите, а со тоа ќе се промовира принципиот на вклученост во ЛЕССовите..

Проектот понатаму ќе ги зајакни техничките капацитети и ќе биде еден ќекор понапред во соработката со општините и јавните институции со апликантите, а посебно Агросиндикат, преку:

  • Создавање на мрежа и соработка со претставници на ГО и групи кои оперираат на локално ниво во областа на интервенции за подобрување на социоекономската ситуација, која може да води кон понатамошен развој на руралните средини.
     
  • Надградба на вештините за преговарање и градење коалиции со заедничка агенда за предложување на нови иницијативи за рурален и регионален развој.
     
  • Зголемена институционална одржливост на Агросиндикат и ГО преку подобрување на квалитетот на нивната вклученост во процесот на заедничко носење одлуки на локално ниво, и овозможување на финансиска одржливост преку таргетирано лобирање и соработка со локалните власти на заеднички дефинирани приоритети со влијание
Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.