Анализа

Активностите од овој работен пакет имаат за цел да ја доловат ситуацијата и да документираат објективна анализа на моменталната состојба во сите општини кои имаат основано ЛЕССови, нивните карактеристики и слабости, како и на оние засегнати и вклучени во истите. Сметаме дека ова е многу важна почетна точка и тоа не само за овој проект туку и општо како евалуација која досега не била извршена, за трудот вложен од страна на самите општини, владини тела и општествени партнери вклучени во општествениот дијалог, а посебно за ГО кои досега биле недоволно вклучени во процесот, поврзани со градење на партиципативен демократски пристап за локален социоекономски развој кој е посебно релевантен во руралните средини.

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.