Фокус група – ЛЕСС Струмица

Во Струмица како изразено земјоделско – преработувачки регион, ЛЕСС има огромна потенцијална улога да биде тело низ кое јасно ќе се артикулираат предизвиците на жителите. ЛЕСС во Струмица е оперативен и сериозно поставен  со голема посветеност од страна на општински вработени. Токму во таа одлична структуираност е јаката страна на овој ЛЕСС и нејзините членови низ средбите и разговорите дадоа препорака дека за да се унапреди ЛЕСС, локалната самоуправа може да ја подобри алката меѓу ЛЕСС и Советот преку воспоставување на задолжителност на разгледување на предлозите пред носење на одлуките на Советот на општината.  Ова согледување беше понатаму потврдено и во дискусиите со останатите општини. Во иднина, со оглед дека Струмичкиот регион е претежно земјоделски и доминантен сектор е прехрамбена индустрија, предлог и желба на Агро Синдикат е да работи во соработка со членовите во ЛЕСС на развивање на социјалниот дијалог меѓу земјоделците, работниците и работодавачите на локално ниво низ посебна комисија во ЛЕСС.

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.