Фокус група – ЛЕСС Скопје

ЛЕСС на Град Скопје редовно заседава, ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во градот. ЛЕСС на Град Скопје посебно се залага и ги следни локалната економска политика и мерки за економскиот и социјалниот развој и стабилност, животниот стандард и сиромаштијата, образование и професионална обука и други прашања во согласност со актите на ЛЕСС на Град Скопје. ЛЕСС - Скопје посебно е фокусиран на младите луѓе, заеднички реализираа проект во соработка со АВРМ и Биро за развој на образованието, а со проектот менторирање и обука за ИТ-вештини во која учествувале 15 млади луѓе истите подоцна се вработени. Соработката со граѓанскиот сектор е отворена и успешна.

Во ЛЕСС на Град Скопје членува и претставник на градската администрација кој воедно раководи со Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, а има и утврдена листа претставници на граѓанскиот секор.

ЛЕСС на Град Скопје има и Стратешки план за работа со кој се очекува директен придонес за подобрување на состојбите и прашањата од економско-социјалната сфера и за таа цел зададени се рокови до 2017 година. ЛЕСС на Град Скопје очекуваат што повеќе да влијаат и да бидат попрепознатливи во заедницата.
 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.