Фокус група – ЛЕСС Ресен

Акцискиот план за работа на ЛЕСС во 2016 година е носечки документ кој се потпира на неколку столбови, а посебно интересен е сегментот посветен на младите, развивање на партнерства и нивната отвореност за обучување односно прифаќање на употребливи стручни знаења и искуства.

Во акцискиот план јасно се наведени задачите на ЛЕСС, очекуваните резултати и остварувања, кој ќе ги реализира и секако кој ќе ја преземе одговорноста за реализирање на поставените задачи што е знак за квалитет во пристапот кон работата, временската рамка и потенцијалните пречки или ризици кои очекувано може да се појават. Акцискиот план е поделен во посебни јасно прецизирани делови, односно цели од кои посебно може да се издвојат „Иницирање, поддршка и спроведување стратегии, активности и мерки на партнерите на ЛЕСС“ и „Воспоставување соработка со други локални и меѓународни ЕСС за размена на искуства“.

Со одлука на ЛЕСС-Ресен за учесник во работата на тоа тело кое според градоначалникот на таа општина е круцијално според значењето и улогата што ја има, избран е претседателот на Совет на млади во таа општина.

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.