Фокус група – ЛЕСС Штип

ЛЕСС Штип постои веќе четири години и брои 9 членови и тоа членови од Општината, Регионалната занаетчиска комора, Текстилниот кластер, Централно - источниот развоен регион, Унивезитетот Гоце Делчев, Средно стручните училишта итн. Со поддршка од УСАИД направена е Стратегијата на ЛЕСС.  Од дискусијата се увиде дека за продлабочување и поголема корист од ЛЕСС во Штип ќе треба да се насочи процесот кон мотивирање на поголема самостојност и  иницијативност на членовите од една страна и на советниците во општината и на останатите членови, кои политичките насоки треба да ги црпат од локалните проблеми и предизвици како дополнување на партиските политики. Оваа констатација не важи исклучително за ЛЕСС во Штип туку општо за сите формирани ЛЕСС-ови во земјата. ЛЕССНО преку планираните активности ќе помогне да се зголеми динамиката, иницијативноста и застапувањето особено од страна на социјалните партнери и НВО секторот и тоа за прашања кои го засегаат економскиот и социјалниот квалитет на животот. 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.