Фокус група – ЛЕСС Прилеп

Во општина Прилеп, локалното советодавно тело не ги вклучува претставниците на работниците, а активностите од оваа сфера што е интерес на проектот ги врши Економски Совет. Во структурата на советот има 21 член, а од нив еден е претставник на невладиниот сектор.  Вредностите според кои што се води прилепскиот Економскиот Совет се: 
   П – посветеност кон исполнување на целите на економскиот совет;
   Р – развој и иницијативност во интерес на градот;
   И – инвестиции, промовирање на условите за водење бизнис;
   Л – лидерство, ЕС препознатлив лидер за економски развој на општината;
   Е – еквилибриум (рамнотежа), еднакво учество на сите засегнати страни;
   П – професионалност, етика и професионализам за сите обврски и задачи.
Во работата на ЛЕСС не учествуваат претставници на синдикатот, освен со посебна покана за посебно избрана тема. 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.