Фокус група – ЛЕСС Охрид

Охрид, градот кој носи огромно количество на културно наследство и нашироко познат по туристичкиот потенцијал заради прекрасните природни ресурси, во себе крие земјоделство  кое се соочува со силни предизвици. Поврзано со работата на дијалог и помош на бројните поединци и здруженија за земјоделство, од разговорите со претставниците на општината и синдикатот дознавме дека во општината посебно специјализирано одделение работи постојано на терен, имено за да има дијалог и размена со земјоделците и им се пружи помош во нивните активности. Во следниот период освен преку обуките на проектот ЛЕССНО, Агро Синдикат ќе се обиде во соработка со општината да помогне преку размена на искуства, совети и знаење да се зголеми соработката со земјоделците и особено со работодавачите со цел животот на мештаните да оди кон напредок и развој. 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.