Фокус група – ЛЕСС Кавадарци

ЛЕСС во Кавадарци е меѓу првите совети и тоа воспоставен  на лична иницијатива од страна на социјалните партнери и поддржување од страна на функционери во општината. Сепак, од основањето, во 2010 година, до денес  многу малку е направена соработка со проектите кои директно или индиректно ги поддржувале советодавните и партиципативните процеси на градење политики на локално ниво, со акцент на Локалните економски и социјални совети. Кавадарци е пример за тоа како сериозни процеси на дијалог може да се започнат со силна волја и индивидуална посветеност, со оглед на бројните обиди и иницијативите за соработка со земјоделските групации кои се за почит и треба да бидат поддржани и од политиките и од останатите клучни чинители со цел да се унапреди квалитет и задоволството да се живее во Кавадарци. 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.