Фокус група – ЛЕСС Гостивар

Почетоците на ЛЕСС во Гостивар, како демократска алатка за дијалог кој е неопходен за локалниот економски и социјален развој, се во 2012 година. Оттогаш до сега направени се серија на обуки за оние членови кои покажале особен интерес, неколку истражувања за да се скенираат состојбите помеѓу невработениот човечки потенцијал и потребите на фирмите, како и да се дадат повратни информации за образовниот систем во тој контекст. Во ЛЕСС Гостивар има вкупно 23 членови, особено активни се младите преку  Советот на млади. Четиригодишното финкционирање неоспорно укажува дека суштински е да се работи на мотивацијата и вештините на членовите да дадат удел во квалитетот на дискусиите и заклучоците произлезени од нив особени за теми од примена на законот за работните односи и колективните договори. За поизвесна иднина и постигнување на посакуван долготраен ефект и бенефит од ЛЕСС овој процес треба да е  институционално и органски поврзан со националниот Економско-социјален совет и носителите на политики, соодветните подрачни единици и централни Министерства, сметаат членовите на ЛЕСС. 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.