Фокус група – ЛЕСС Битола

ЛЕСС-Битола има усвоени Стратегија и Акциски план за работа на ЛЕСС, како и утврдена агенда за состаноците. Согласно структурната поставеност на ЛЕСС-Битола, граѓанскиот сектор има свое соодветно место во работата на ЛЕСС. 

На крајот од 2015 година, односно во месец декември на седница на Советот на општина Битола усвоена е Програма за економски развој на општина Битола во 2016 година, документ изработен од ЛЕСС и Комисијата за економски развој на општина Битола. Со овој документ се смета дека е направен прв чекор кој проширување на транспарентноста на ова тело кон останатите субјекти во заедницата. Во општина Битола од утврдениот Стратешки план за работа на ЛЕСС може да се воочи дека во ова тело партиципираат претставници на средношколците, Федерација на фармерите, Сојуз на земјоделците, Сојуз на студенти, Форум на здруженија на граѓани и НВО за лица со попреченост, што со други зборови упатува на солидна формална застапеност на граѓанскиот сектор во работата на ЛЕСС.

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.