Застапување и лобирање

Обука – Куманово, 29 и 30 септември 2016

Локација: „Етно село“, село Младо Нагоричане, Куманово

Претставници на ЛЕСС- Куманово, граѓански и синдикални активисти, како и претставници на општина Куманово, во работна атмосфера и одличен амбиент за работа, одржаа обука на тема „Лобирањето вештина за остварување на целите“.

Со цел поефикасно следење на обуката, учесниците навремено беа запознати со програмскиот опфат на проектот што го реализираат партнерските организации „Агросиндикат“, МНД-Битола и Гаус Институт-Битола, целите на проектот како и очекуваните резултати.

Во текот на дводневната обука на учесниците им беа појаснети поимот лобирање, законската регулатива во Македонија и странство, методите и техниките за лобирање. Исто така учесниците беа запознати со состојбите во ЛЕСС констатирани низ истражувачки процес.

За реазлиација на обуката беа подготвени 9 посебни теми кои беа илустрирани со вкупно 167 слајдови, а беа извршени и директни вклучувња во линкот на Европскиот Економско Социјален Комитет кој предизвика дополнителен интерес.

 

Обука – Прилеп, 5 и 6 октомври 2016

Локација: хотел „Кристал Палас“, Прилеп

 

Учесниците на обуката беа информирани за партнерските организации а добија  и печатена програма и рекламен материјал со информации за проектот.

 Дводневната обука беше реализирана низ презентации, вежби во пишувана форма, вежби низ вербална комуникација, интерактивна дебата и со помош и поддршка на претседателот на Агросиндикат на РМ.

Учесниците беа запознати со основите за лобирање, лобирање во пракса, улогата на ЛЕСС и потребата да се придонесува во работата на тоа тело. Низ обуката произлегоа и три конкретни иницијативи: за буџетска поддршка на ЛЕСС, овозможување право на глас на младите членови во ЛЕСС и иницијатива за директно вклучување на синдикатот во економскиот совет на општина Прилеп.

 

Обука – Тетово, 20 и 21 октомври 2016

Локација: хотел „Скардус“, Тетово

 

Граѓански организации, претставници на ЛЕСС, синдикалци и претставници на средни стручни училишта, како и Универзитетот ЈИЕ од Тетово, директно и интерактивно дознаа и учеа за феноменот лобирање.

Лобирањето како демократски инструмент за креирање на јавни политики во иднина ќе им послужи како да ги раздвижат и динамизираат работите во ЛЕСС. Учесниците во текот на двата дена нештедливо и сконцентрирано ја следеа обуката, поставуваа прашања, нудеа предлози, а презентираа и конкретен предлог иницијатива за директно вклучување на ЛЕСС-те од цела држава преку свој претставник во Економскиот Социјален Совет.

Учесниците најавија дека во иднина ќе го користат и линкот на Европскиот Економско Социјален Комитет, кој овозможува нови познаства меѓу младите и синдикатите, но и нови можности, креирање на идеи, па и наградување.

 

Обука – Струмица, 27 и 28 октомври 2016

Локација: хотел „Глигоров“, Струмица

 

Претставници на граѓански организации, ЛЕСС, синдикалци, компании и претставници на средни стручни училишта од Штип и Струмица учествуваа на дводневна обука посветена на лобирањето во функција на работата на ЛЕСС.

Учесниците беа информирани со целите на проектот, референците на партнерските организации, а за подобро следење и интеракција на сите им беше врачена програма и презентации во електронска и печатена верзија.

Учесниците во текот на двата дена заинтересирано ја следеа обуката, ја почитуваа агендата, поставуваа прашања, нудеа идеи, а презентираа и два конкретни предлози односно иницијативи за промена на Законот за локална самоуправа и ставање на ЛЕСС во законски рамки, како и промена на Закон за работни односи и исто така ставање на ЛЕСС во законски рамки.

 

Низ обуката учесниците научија како и кога се применуваат методи и техники за лобирање, се запознаа со фактот дека лобирањето во Македонија е легална и легитимна дејност, се оспособија како и на кој начин се пишува писмо за лобирање по одредено прашање или идеја. По завршувањето на обуката сите беа едногласни дека благодарение на квалитетните излагања во голема мера ги зголемиле своите познавања и можности за директен придонес во работата на ЛЕСС.

 

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.