Зошто

Основањето на Локални економски и социјални совети во оваа земја е во својата рана фаза, процесот започна во 2010 паралелно со основањето на Националниот економски и социјален совет (НЕСС) кој служи како референца за останатите совети. Националниот совет не е во директен фокус на оваа акција бидејќи ...

 

Цел

Општата цел на овој проект е подобрување на вештините за застапување и знаењето за стратешко лобирање на граѓанските организации, бизнис заедницата на локално ниво, со цел да се постигне поголема меѓусекторска соработка во процесот на носење одлуки внатрешно помеѓу наведените актери како и со локалната самоуправа.

 

Целни групи

Главните целни групи на овој проект се претставници на:
•    Членовите на ЛЕССовите: Граѓански организации (30 учесници) синдикати (20 учесници), работодавачи/бизнис заедница (20 учесници) . Главни детектирани недостатоци се: недостиг на знаење, методи и техники за транспарентно и стратешко лобирање 

 

E-lobbying and advocacy

For the Municipalities as well as public authorities at local level, i.e. various inspectorates, Regional development bodies, National employers’ organizations, business associations and trade unions, Government institutions

Open E-lobbying and advocacy

 

W3Schools

 

Фокус група – ЛЕСС Скопје

ЛЕСС на Град Скопје редовно заседава, ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во градот. ЛЕСС на Град Скопје посебно се залага и ги следни локалната економска политика и мерки за економскиот и социјалниот развој и стабилност, животниот стандард и сиромаштијата, образование и професионална обука и други прашања во согласност со актите на ЛЕСС на Град Скопје.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Гази Баба

ВО ЛЕСС на општина Гази Баба, меѓу 11 – те членови нема нити еден претставник на НВО, но се очекува со вклучувањето во овој проект да се изврши промена на амбиентот и состојбите. 
Според г-дин Зоран Мироновски, претседател на гранковиот синдикат на хемија, неметали и метали на Република Македонија (СХНМ) воедно член на ЛЕСС при општина Гази Баба, тамошниот ЛЕСС има капацитет да биде проактивен, но за жал во моментов ситуацијата не е таква.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Тетово

Особено интересна и плодна дискусија беше отворена на средба меѓу Агро Синдикат и речиси сите членови од ЛЕСС во Тетово. Заедничко градење на систем и по вертикала и по хоризонтала меѓу националниот Економско-социјален совет и другите ЛЕСС по линија на координација и размена се стожерот на кој чинителите во ЛЕСС гледаат столб на вистинско функционирање на овие многу важни демократски алатки за дијалог на локално ниво. Состанокот и идните активности на проектот ЛЕССНО во Тетово беа поздравени и поддржани од градоначничката Теута Арифи.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Струмица

Во Струмица како изразено земјоделско – преработувачки регион, ЛЕСС има огромна потенцијална улога да биде тело низ кое јасно ќе се артикулираат предизвиците на жителите. ЛЕСС во Струмица е оперативен и сериозно поставен  со голема посветеност од страна на општински вработени.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Штип

ЛЕСС Штип постои веќе четири години и брои 9 членови и тоа членови од Општината, Регионалната занаетчиска комора, Текстилниот кластер, Централно - источниот развоен регион, Унивезитетот Гоце Делчев, Средно стручните училишта итн. Со поддршка од УСАИД направена е Стратегијата на ЛЕСС.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Прилеп

Во општина Прилеп, локалното советодавно тело не ги вклучува претставниците на работниците, а активностите од оваа сфера што е интерес на проектот ги врши Економски Совет. Во структурата на советот има 21 член, а од нив еден е претставник на невладиниот сектор.  Вредностите според кои што се води прилепскиот Економскиот Совет се: 
   П – посветеност кон исполнување на целите на економскиот совет;
   Р – развој и иницијативност во интерес на градот;
   И – инвестиции, промовирање на условите за водење бизнис;

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Ресен

Акцискиот план за работа на ЛЕСС во 2016 година е носечки документ кој се потпира на неколку столбови, а посебно интересен е сегментот посветен на младите, развивање на партнерства и нивната отвореност за обучување односно прифаќање на употребливи стручни знаења и искуства.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Охрид

Охрид, градот кој носи огромно количество на културно наследство и нашироко познат по туристичкиот потенцијал заради прекрасните природни ресурси, во себе крие земјоделство  кое се соочува со силни предизвици. Поврзано со работата на дијалог и помош на бројните поединци и здруженија за земјоделство, од разговорите со претставниците на општината и синдикатот дознавме дека во општината посебно специјализирано одделение работи постојано на терен, имено за да има дијалог и размена со земјоделците и им се пружи помош во нивните активности.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Куманово

ЛЕСС во Куманово е со најрани почетоци, во 2010 година, со особено вложување во поставувањето од страна на локалните синдикални претставници. Како и во Кавадарци и во Куманово овој процес кој по природа имал потреба од надворешна поддршка, која изостанала, по извесен период од создавањето, ЛЕСС бил ставен во мирување. Позитивниот имплус од средбите меѓу претседателот на Агро-Синдикат, локалниот претставник на синдикатите со клучните луѓе во Општината, секретарот, градоначалникот и оперативниот тим во одделот за Локален економски развој силно се преслика и во реалноста.

Macedonian

Фокус група – ЛЕСС Кавадарци

ЛЕСС во Кавадарци е меѓу првите совети и тоа воспоставен  на лична иницијатива од страна на социјалните партнери и поддржување од страна на функционери во општината. Сепак, од основањето, во 2010 година, до денес  многу малку е направена соработка со проектите кои директно или индиректно ги поддржувале советодавните и партиципативните процеси на градење политики на локално ниво, со акцент на Локалните економски и социјални совети.

Macedonian

Обука – Прилеп, 5 и 6 октомври 2016

Локација: хотел „Кристал Палас“, Прилеп

 

Учесниците на обуката беа информирани за партнерските организации а добија  и печатена програма и рекламен материјал со информации за проектот.

 Дводневната обука беше реализирана низ презентации, вежби во пишувана форма, вежби низ вербална комуникација, интерактивна дебата и со помош и поддршка на претседателот на Агросиндикат на РМ.

Macedonian

Обука – Куманово, 29 и 30 септември 2016

Локација: „Етно село“, село Младо Нагоричане, Куманово

Претставници на ЛЕСС- Куманово, граѓански и синдикални активисти, како и претставници на општина Куманово, во работна атмосфера и одличен амбиент за работа, одржаа обука на тема „Лобирањето вештина за остварување на целите“.

Со цел поефикасно следење на обуката, учесниците навремено беа запознати со програмскиот опфат на проектот што го реализираат партнерските организации „Агросиндикат“, МНД-Битола и Гаус Институт-Битола, целите на проектот како и очекуваните резултати.

Macedonian

Застапување и лобирање

Обука – Куманово, 29 и 30 септември 2016

Локација: „Етно село“, село Младо Нагоричане, Куманово

Претставници на ЛЕСС- Куманово, граѓански и синдикални активисти, како и претставници на општина Куманово, во работна атмосфера и одличен амбиент за работа, одржаа обука на тема „Лобирањето вештина за остварување на целите“.

Macedonian
Zircon - This is a contributing Drupal Theme
Design by WeebPal.